Ризница:Вики ја сака Земјата 2022

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Earth 2022 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Earth 2022 and have to be approved by a translation administrator.
Wiki Loves Earth

Shortcut: COM:WLE2022


Вики ја сака Земјата 2022

 

Земји-учеснички

 

Правила и ЧПП

 

Приредување

 

Победници

 

Контакт

Земји-учеснички во 2022 г.
Добре дојдовте на „Вики ја сака Земјата 2022“!

Вики ја сака Земјата (WLE) е меѓународен фотографски натпревар кој се одржува секоја година во текот на мај и јули. Се приредува во голем број земји, од страна на Викимедиините ограноци, групи и доброволци во голем број земји. Учесниците прават слики од природното наследство околу нив и ги подигаат на Ризницата. Секоја одделна земја има свој натпревар со свои правила и награди, кои може да се разликуваат една од друга.

Основната цел на натпреварот е да се создадат и соберат слики од природното наследство на земјите, како што се природните резервати, заштитените предели, националните паркови, особени градини и тн. Со ова се предвидува да се илустрираат статиите на бесплатната светска енциклопедија „Википедија“ и другите Викимедиини проекти.

Нагласокот не е само на места од државно значење, туку и на сите заштитени подрачја од регионално значење, како и најразлични видови природни места: шуми, паркови, градини, карпи, пештери и сето она што е заштитено како природно добро во вашата земја. Така, највеќето учесници ќе можат да најдат барем неколку места од вакво значење во блиската околина.

Годинава меѓународните победници ќе бидат од две категории — предели (вкл. поединечни дрва, ако се споменици на природата) и слики одблиску (животни, растенија, габи):

  • меѓународното жири ќе избере до 20 фотографии, односно највеќе 10 од секоја категорија.
  • во месни рамки има до 15 победници, притоа не повеќе од 10 од секоја категорија. Месните приредувачи може да решат да не ги двојат месните победници на категории и/или може да поднесат помалку скики (на пр. 10).


Привремен времеслед
  • 1 мај – 31 јули и датумите блиску до овие рамки соодветни за земји: државни натпревари. Погледајте ги поединечните рамки за секоја земја.
  • Крај на август: рок за поднесоци, на пр. на Страницата со победници
  • Октомври-ноември: рок за меѓународниот исход
Правила
  • Правилата за меѓународниот дел од натпреварот се објавени овде. Месните натпревари имаат свои правила, предлагања, рокови итн.
Награди
  • Победниците ќе добијат вредносни купони за Амазон и други семрежни продавници; вредноста зависи од освоеното место.
  • Месните екипи може да доделуваат награди за победниците во државните кругови.
Подигнати слики
Како да учествувате
Официјален портал
Во печатот

Напомена: Натпреварот претежно го приредуваат доброволци, додека пак приредувачите го задржуваат правото да ги менуваат правилата или да го откажат натпреварот по свое наоѓање, дури и кога истиот е во тек. Приредувачите не прифаќаат никаква одговорност за она што го ветиле покровителите во облик на награди, ниту пак никаква друга правна одговорност што се однесува на натпреварот. Ниту правилата, ниту било што друго на страницава претставуваат понуда за правно обврзувачки однос со било кој од приредувачите. На членовите на жири-комисијата не им следуваат награди (иако слободно можат да подигаат слики, таквите слики нема да се важат како учеснички во натпреварот).