Commons:Picture of the Year/2020/Rules/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/2020/Rules and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/2020/Rules and have to be approved by a translation administrator.
Слика на годината 2020
Исходот е познат! Исход
end
Слика на годината 2020 || ВоведПравилаРасправаПреводиОдборПомош || I круг КандидатиГалерија || II круг Галерија || Исход

Правила

Гласање

Кругови

  • Натпреварот има два круга:
    • I круг опфаќа слики прогласени за „избрани“ во текот на 2020 г.
    • II круг ги опфаќа најгласаните 30 () слики од I круг.
  • Најуспешната слика ќе биде прогласена за „Слика на годината“, а другите три ќе ги заземат останатите наградени места.

Датуми

I круг

од 18 септември 2021, 18:00
до 1 октомври 2021, 23:59:59

II круг

од 15 октомври 2021, 15:00
до 29 октомври 2021, 23:59:59

Периоди на бета-проби

  • Неколку дена ќе вршиме бета-проби за да провериме дали уредбата за гласање работи правилно.
  • Гласовите дадени во пробниот период (неколкуте дена пред официјалниот почеток) се исто така подобни. Одборот ќе ги вброи заедно со подоцна дадените гласови.
  • Доколку наидете на грешка во алатката за гласање, би ве замолиле да ја пријавите на MediaWiki talk:Gadget-EnhancedPOTY.js. Други проблеми пријавувајте на Commons talk:Picture of the Year/2020.

Подобност за гласање

  1. Корисниците мора да имаат сметка на некој Викимедиин проект создадена пред 1 јануари 2021 [UTC].
  2. Овој корисник мора да има барем 75 видливи уредувања на било кој еден Викимедиин проект пред 1 јануари 2021 [UTC]. Проверете дали сте подобни со оваа официјална алатка.
  3. Корисниците мора да гласаат со сметка која ги задоволува горенаведените услови или на Ризницата, или на друг Викимедиин проект (во вториот случај, корисникот мора да ја има поврзано таа сметка со неговата сметка на Ризницата преку SUL).
Белешки
  • Се гласа само од една сметка, без оглед на тоа колку сметки има корисникот.
  • Гласовите дадени од IP-адреси нема да се важат.
  • Гласовите дадени од неподобни корисници/сметки и дуплираните гласови што ги кршат правилата ќе бидат поништени.
  • Поради големиот обем на гласови, не сме во можност да прифатиме гласови кои не ги задоволуваат условите определени од официјалната алатка за проверка на подобност.
  • Може да ви се обратиме на страницата за разговор до една година по гласањето за да ви го соопштиме исходот и да ве поканиме да гласате следната година. Можете да се откажете од ова во секое време.

Правила за гласање

Во I круг: повеќекратно гласање — подобните корисници можат да гласаат за колку сакаат кандидати (еден глас по слика).

Во финалниот II круг — три гласа — подобните корисници можат да гласаат за само 3 финалисти. Трите се бројат како еднакви, а за секој кандидат може да се гласа само по еднаш. Напомена: ако некој даде повеќе од три гласа, ќе се сметаат само трите најнови.

Слики

Категории

Галерии по категории
Членконоги Членконоги (67)Птици Птици (92)Цицачи Цицачи (38)Останати животни Останати животни (58)
Растенија и габи Растенија и габи (93)Луѓе и нивните активности Луѓе и нивните активности (64)Уметнички слики, ткаенини и хартиени ракотворби Уметнички слики, ткаенини и хартиени ракотворби (57)Населени места Населени места (51)
Замоци и тврдини Замоци и тврдини (18)Верски објекти Верски објекти (28)Згради и градби Згради и градби (54)Вештачки осветлени отворени простори Вештачки осветлени отворени простори (48)
Инфраструктура Инфраструктура (18)Внатрешност и детаљи Внатрешност и детаљи (41)Внатрешност на верски објекти Внатрешност на верски објекти (46)Фрески, таваници и витражи Фрески, таваници и витражи (48)
Панорамски глетки Панорамски глетки (32)Природни глетки Природни глетки (93)Води Води (33)Астрономија, сателити и вселена Астрономија, сателити и вселена (5)
Карти и дијаграми Карти и дијаграми (8)Возила и пловила Возила и пловила (29)Скулптури Скулптури (23)Предмети, школки и разно Предмети, школки и разно (60)
Помош · За икониве…

Подобност на сликите

I круг
  • Сите избрани слики од 1 јануари до 31 декември 2020 г.
Финале
  • Во финалето влегуваат 30-те слики од I круг со највеќе. Категориите од кои доаѓаат не се земаат предвид.
  • Ако категоријата бр. 1 и бр. 2 немаат слики од најгласаните 30, тогаш најуспешните слики од секоја таква категорија ќе влезат во финалето за да се обезбеди разновидност.

Кандидатите не смеат да се прогласуваат за неподобни или заменуваат со други без внимателна расправа доколку не се веќе избришани. (Поднесеното барање за бришење само по себе не претставува достатна причина за прогласување на сликата за неподобна.)

Награди