Commons:Translation possible/Дознајте повеќе

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

català | čeština | Deutsch | English | español | Esperanto | فارسی | français | galego | עברית | hrvatski | italiano | 日本語 | 한국어 | македонски | polski | português | русский | Tiếng Việt | 中文(繁體) | 中文(简体) | +/−

Како да преведете SVG податотека[edit]

Оваа страница објаснува како да преведете внатрешни натписи или описи во една SVG податотека. Тука сте веројатно поради тоа што некој обележал слика со {{Translation possible}}. Имајте предвид дека оваа предлошка и нејзините поврзани страници се една главна идеја. Доколку имате прашања и коментари, обратете се на страницата за разговор.

Што е SVG?[edit]

SVG е формат на податотека наменет за слики, кој се состои од прост XML текст. Затоа натписите кои стојат складирани во него можат лесно да се преведат. За повеќе информации за SVG или XML, погледајте ги врските. За нив има статии на Википедии на многу јазици.

Како да уредувам SVG податотеки?[edit]

Постои една убава бесплатна алатка, наречена Inkscape. Со оваа алатка можете да создавате и уредувате SVG податотеки. Едноставно преземете верзија на податотеката која сакате да ја уредите и отворете ја со Inkscape. Потоа променете ги натписите со тоа што ќе кликнете на нив со текст-алатката на Inkscape. Запомнете ги промените во нова податотека и подигнете ја.

Можете да ја користите и оваа алатката svgtranslate.

За имињата и подигањето на податотеките: Кога создавате SVG податотеки за повеќејазични верзии, би било добро да ги зачувате со наставката -mk (за македонската податотека) која треба да стои пред .svg.

На пример, File:Gibraltar map-mk.svg:

[edit]

Disputed isthmus and land

Погледајте ја категоријата Предлошки за други верзии за повеќе примери.

Наместо македонската наставка, внесете го кодот на вашиот јазик, а остатокот оставете го токму таков каков што сте го нашле. Ова овозможува полесно пронаоѓање на сите поврзани верзии на една податотека.

Напредно уредување[edit]

Имајте предвид дека наместо Inkscape, можете да користите било кој уредник/обработувач на текст со можност за користење на UTF-8 и барајте натписи насловени како „текст“ ("text"). Во извесни случаи ова е за понапредни корисници, бидејќи ова може да бара прилагодувања на текстуалните координати, и некои понапредни „отпадоци“ може да ја намалат читливоста на на XML податотеката. Ваквите напредни корисници може да го променат и шифрирањето на податотеката, по што нема да имаат потреба да користат уредници со UTF-8 можност.

Употреба на броеви наместо натписи[edit]

Кај слики со мал број натписи, друг начин на нивно бележење е да имате само една податотека со бројчени натписи на неа, и таблица подолу, со различни преводи, вака се добива една единствена слика која може да се користи за сите јазици. Добар пример за ова е сликата [:Image:Robal.png]]

Меѓутоа оваа индиректност ја намалува читливоста, бидејќи корисникот постојано мора да погледнува во табелата за секоја бројка, наместо значењето да е вметнато директно во натписот; ова е особено збунително ако има голем број на натписи.

Една SVG слика на даден јазик честопати може да се претвори во бројчени натписи со тоа што ќе ја отворите во SVG уредник и ќе го измените текстот.

На пример, Image:ISS configuration sep-2006 en.svg има англиски натписи, а верзијата со бројчени натписи Image:ISS configuration sep-2006 numbers.svg е создадена со заменување на натписите од англиската верзија.