Commons:Picture of the Year/2012/Translations/Village Pump/mk

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

Започна I коло од гласањето за Слика на годината[edit]

Драги викимедијанци,

Ризницата со задоволство ве известува дека конкурсот „Слика на годината“ 2012 веќе започна. Ве повикуваме да го искажете вашето мислење - која слика сметате дека треба да стане Слика на годината 2012. Право на глас има секој корисник од Викимедиините проекти што ги задоволува следниве услови:

  1. Да има сметка на било кој Викимедиин проект што ја регистрирал пред 1 јануари 2013, 00:00 ч. (UTC).
  2. Сметката мора да има повеќе од 75 уредувања на било кој поединечен Викимедиин проект извршени пред 1 јануари 2013, 00:00 ч. (UTC). Проверете дали ги задолувате условите со оваа алатка.
  3. Да гласа со сметка што ги задоволува горенаведните услови на Ризницата или на друг Викимедиин проект врзан со SUL (ако е на некој друг проект, тогаш таа сметка треба да е поврзана со оваа на Ризницата преку SUL).

Во конкурсот влегоа стотици слики што добиле статус на „избрана слика“ од меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година. Тие се најразновидни и со секој можен предзнак. Имаме професионални снимки на животнии и растенија, восхитувачки панорами, реставрирани слики од историско значење, архитектонски знаменитости, карти, амблеми, дијаграми изработени со најсовремена технологија, па сè до впечатливи портрети на поединци.

За да ви олесниме, сликите ги подредивме во тематски категории. Гласањето ќе се одржи во две кола: во првото можете да гласате за неограничен број на слики. Потоа, победниците од првото кола и десетте општо најдобри влегуваат во финалето. Во второто (финално) коло ќе мора да се одлучите за само една слика - онаа што сметате дека треба да биде Слика на годината.

За да ги разгледате предложените слики, појдете на страницата на POTY 2012.

Со овој конкурс, Ризницата ги чествува избраните слики за 2012 г. Вашиот глас одредува кој ќе биде победник, па затоа не заборавајте да гласате на I коло, најдоцна до 30 јануари 2013

Ви благодариме,
конкурсната комисија за „Слика на годината“