Commons:Picture of the Year/2012/Eligibility/mk
Jump to navigation
Jump to search
Дали сте подобни да гласате?
Подобност
- Корисниците мора да имаат сметка на било кој Викимедиин проект регистрирана пред 1 јануари 2013, 00:00[UTC].
- Сметката мора да има над 75 уредувања на било кој поединечен Викимедиин проект пред 1 јануари 2013, 00:00 [UTC]. Проверете дали сте подобни со оваа алатка.
- Корисниците мора да гласаат со сметка што ги задоволува горенаведените услови на Ризницата или на друг Викимедиин проект (во тој случај, тамошната сметка треба да е сврзана со сметката на Ризницата преку SUL).
- Напомени
- Дури и ако имате повеќе подобни сметки, можете да гласате само со една од нив.
- Гласовите дадени од IP-адреса се сметаат за неважечки.
- Гласовите од неподобни сметки, дуплираните гласови и оние дадени спротивно на правилата ќе се сметаат за неважечки.
- Поради големиот број на гласови, не сме во можност да примаме гласови од корисници што не ги задоволуваат условите на подобност што ги одредува алатката.
Како се гласа
Погледајте во галериите за да видите кое е тековното коло на гласање и внимателно разгледајте ги сите слики во секоја категорија кајшто сакате да гласате. Стиснете на „Гласај“ под секоја слика што сакате да ја поддржите.
Гласот ќе биде автоматски заведен. Ако сакате да проверите дали е заведен, погледајте во вашите придонеси. Ако наидете на грешки, прочитајте ги ЧПП или пријавете ги.
На оваа страница, вметнете
# [[User:{{subst:REVISIONUSER}}|]]
во нов ред веднаш под претходниот глас на друг корисник.Правила на гласање
- Во I коло - повеќе гласови
- Можете да гласате за неограничен број на слики.
- Еден глас по слика; дуплираните гласови ќе бидат отстранети/занемарени.
- Финално коло - еден глас
- Можете да гласате само за еден од финалистите.
- Ако гласате повеќе од еднаш, тогаш ќе се важи последниот глас што сте го дале.