Commons:Напатствија за слики

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
Shortcut
This project page in other languages:

Ова се напатствија за избрани слики, како и за нови квалитетни слики. Кандидатите за квалитетни слики мораат да ги задоволат сите овие барања и мора да се создадени од „Ризничар“ (т.е. некој со сопствена сметка на Ризницата - commons.wikimedia.org). Кандидатите за избрани слики треба да ги задоволат сите овие барања, мора да бидат впечатливи (англ. “wow factor”) и може, но не мора да се создадени од Ризничар. Доколку сликата е достатно впечатлива и има право на олеснителни околности, тогаш би можело да ѝ се прости и ако не ги достигне сите технички критериуми.

Правилата наложуваат дека не смее да постојат две избрани слики кои се две верзии на една иста слика. Во случај да постои подобра верзија, тогаш полошата треба да се симне од кандидатура. Целта на статусот на избрана слика е да ѝ се оддаде признание на на таа слика како една од највредните и најценетите слики — кои спаѓаат во врвниот дел од најдобриот еден процент на слики. Како што се подобрува општиот квалитет на сликите, некои слики ќе бидат симнати од листата. Целта на статусот на квалитетните слики е да се оддаде признание и почит кон Ризничарот кој, во моментот на правењето на сликата, вешто достигнал еден пожелен степен на квалитет, признание кое нема да се избрише со подоцнежниот напредок. Не постоајт ограничувања за бројот на слики од сличен квалитет и не постои формален механизам за симнување на квалитетни слики од листата.

Една слика „кажува“ различни нешта за различни луѓе, и има способност да побудува чувства како нежност, лутина, копнеж, отфрлање, среќа и тага; добрите фотографии не се ограничени на побудување на само убави чувства. Кај избраните слики, многумина гласачи со право сметаат дека една технички обична слика, но со инзвонредна тематика може да се смета за повредна од онаа која е технички беспрекорна, но со најобична тематика. Многу други гласачи со подеднакво право сметаат дека секоја слика треба да се суди чисто според сопствените заслуги. На пример, една технички незадоволителна на некој значаен настан честопати добива поддршка заради важноста на прикажаниот настан, но и подеднакво големо несогласување заради нејзините технички недостатоци.

Најважно е да се биде учтив. Сликата која ја оценувате е сепак нечие дело. Одбегнувајте да употребувате изрази како „ужасна е“, „не чини“ и „ме нервира“. Ако сакате да се спротиставите на предлогот, правете го тоа со обѕири, и со објаснување. Запомнете дека не секој го владее англискиот јазик на исто ниво. Одбирајте си ги зборовите внимателно.

Среќно номинирање, среќно оценување, и запомнете… правилата можат да се кршат.

Вашиот екран[edit]

Пред да оценувате дела на автори, се препорачува да си го калибрирате мониторот. Ако ова не го паправите, имајте на ум дека може да не гледате детали во многу светли и многу темни предели. Покрај ова, некои монитори се наместени на извесна нијанса на боја, и немаат „неутрална“ боја.

Погледајте ја долунаведената слика на полн екран со сосема црна позадина. Треба да можете да видите барем три од четирите кругови на сликата. Ако гледате четири тогаш екранот ви е пресветол, ако гледате 3 сè е во ред, но ако можете да распознаете помалку од три круга, тогаш екранот ви е наместен на претемно.

Услови за страниците на сликите[edit]

  1. Статус на авторски права. Квалитетните слики на Ризницата мора да ги подигне праводржецот, и тоа под соодветна лиценца. Сите барања за лиценцата ќе ги најдете на Commons:Licensing.
  2. Квалитетните слики мора да се категоризираат, да имаат содржаен наслов и опис. Ова подразбира наведување на научни називи за минерали и таксономски (латински) називи за организми.
  3. Без реклами, потписи и други водени жигови на сликата. Информациите за авторство и права треба да стојат на страицата за опис на сликата и не смеат да ѝ пречи на самата содржина на сликата.

Квалитетни и избрани фотографии[edit]

Проблематика Чести проблеми Напатствие Објаснение Примери
Големина
  • Сликите треба да имаат барем 2 вистински мегапиксели информација, на пример, 1600x1250. За лесно направени слики, прегледувачите може да побараат повеќе ако сликата има потреба од тоа.
  • Сликите не треба да се намалени (смалени во големина за да изгледаат како да се со подобар квалитет). Намалувањето го намалува и количеството на информации складирано во податотеката на сликата.
Графиките на Ризницата може да се употребат и на начин различен од нивно гледање на обичен сметачки екран. Тие може да се користат за печатење или за прегледување на монитори со многу висока резолуција. Ние не можеме да предвидиме какви направи ќе се користат во иднина, па затоа сметаме дека е важно нашите најдобри слики да имаат што повисока резолуција.
JPEG компресија
  • Превисоко ниво на компресија
  • Наместено да дава нискоквалитетни JPEG слики при употреба на апаратот или при зачувување на сликата
  • Видливи JPEG елементи
  • Сликите не треба да користат премногу силна компресија.
Наместете го апаратот и сликовниот софтвер на висок квалитет. На пример, на апаратот наместете го квалитетот на JPEG сликата на „суперфин“ (superfine), или сликајте во беззагубен формат како RAW или NEF, или зачувајте ја сликата со 95% квалитет во програмот за обработка на слики. Ако обработувате JPEG слика на повеќе наврати, извршете ги сите обработки започнувајќи со оригиналот, или користете беззагубен формат (како XCF). Со повеќекратната обработка и зачувување, JPEG сликата постепено го губи квалитетот. И не ги зачувувајте JPEG сликите на значајно повисок квалитет од оригиналот — тоа ја зголемува податотеката, но не и нејзиниот квалитет.
Шум
  • Хроматски шум
  • Светлински шум
  • Видлива гранулација
  • Гребнатини, прашина и нечистотии
  • Spots
  • Сликите не треба да имаат шум кој ќе ви пречи да ја гледате чисто при полна големина.
За да го намаите шумот, користете ја најмалата практична осетливост или брзина на филмот (на пример: 200 ISO филм е помалку грануларен отколку 1600 ISO!). Доколку фотографијата е направена под уникатни околности кои не може да се повторат, сликата во некои случаи може да се подобри со филтрирање. Квалитетниот софтвер за намалување на шум е скап и алгоритмите вршат опширни пресметки. Ако немате пристап до соодветни прогграми и опрема, побарајте помош на страницата Помош за квалитетни слики.
Осветленост (експозиција)
  • Преосветленост (преголема експозиција)
  • Пренагласени светли делови
  • Премала осветленост (експозиција)
  • Изгубени детали во сенките, заменети со JPEG мапи.
  • Земјќи ги предвид околностите, сликите треба да бидат правилно и соодветно осветлени (експонирани).
Кај правилно осветлените слики, деталите во значајниот дел од сликата се задржани. Треба да се напомене дека осветлувањето може да има и креативна намена, и ова напатствие треба да се прилагоди со оглед на идејата или намерата на сликата. Осветлувањето се однесува на комбинацијата на дијафрагмата на затворачот која ѝ дава на сликата тонска крива која која идеално би можела да ги прикаже со прифатливи детали сенките и светлите делови од сликата. Ова се нарекува фотографска ширина (или „ширина на осветлување“). Сликите можат да бидат ниско на тонската крива (мал опсег), средно (среден опсег) и високо (висок опсег). Дигиталните фотоапарати (или слики) имаат потесна ширина отколку филмот. Недостигот на детали во сенка не мора да значи дека е негативна карактеристика. Впрочем, може да претставува посакуван ефект. Изгорените светли делови на голема површина елемент кој ѝ пречи на сликата. Кога се сликате со дигитален апарат, проверете го хистограмот. Во потешки услови може да се случи да морате да преклопите неколку фотографии со различно осветлување – ова се нарекува HDR спојување.
Боја
  • Квалитетните слики мораат да имаат пристојни бои. Ова не мора да значи природни бои.
Балансот на боите честопати може да се поправи со софтвер како Gimp.
Фокус и длабочина на острина
  • Секој важен објект на сликата треба да е остар, со оглед на идејата на сликата.
  • Целокупно сликата не треба да има јасно дефиниран фокус, на пример, главниот субјект е во фокус, додека предниот и задниот план се вон фокус, или тогаш целата сцена е во фокус.
Честопати длабочината на острината е намерно мала. Ако не сте сигурни, прашајте. Длабочината на острината (англ. Depth of field, DOF) се однесува на просторот пред и зад главниот субјект. Длабочината на острината се избира во согласност со конкретните потреби на секоја слика. Големата или мала длабочина можат да одземат или да додадат квалитет на сликата. Малата длабочина на острината е корисна за свртување на вниманието кон главниот субјект, притоа истакнувајќи го од околината. Големата длабочина на острина се користи за нагласување на чувството за простор. Леќите со кратко фокусно растојание (широкоаголни) даваат голема длабочина на острина, и обратно, леќите со долго фокусно растојание (телефото) даваат мала длабочина на острина. Мал отвор дава голема длабочина на острина и обратно, голем отвор дава мала длабочина на острина.
Заматеност од движење
  • Предолго осветлување (експонирање): сликата е заматена поради треперење на раката или бидејќи субјектот се движи пребрзо.
  • Заматеноста од движење треба да служи посебна цел, најчесто за да се истакне движењето.
„Контрола на движење“ се однесува на начинот на кој движењето е претставено на сликата. Движењето може да е замрзнато (вкочането) или заматено. Ниту едно не е подобро од другото само посебе – важен е приказот. Движењето е релативно во рамките на објектите на сликата. На пример, ако фотографирате тркачки автомобил кој е прикажан замрзнат во однос на позадината не дава чувство на брзина или движење, затоа техниката наложува да автомобилот да се прикаже замрзнат, но со матна позадина, така создавајќи чувство на движење. Ова се нарекува „панирање“. Од друга страна, ако прикажеме кошаркар во замрзнат во висок скок во однос на сето останато, дава добра фотографија, главно заради „неприродноста“ на позата.
Осветлување
  • осветлувањето треба да биде соодветно за да се прикаже субјектот.
Светлината се смета за најважната состојка на фотографијата, и од квалитетните слики се бара да ја користат правилно. Квалитетот на фотографијата навистина може да зависи од временските услови, и фотографот е немоќен да ги промени. Наспроти распространетото мислење, осветлувањето од напред не е нејдобро бидејќи го сплескува субјектот (т.е. изгледа рамен). Страничното осветлување честопати им дава подобра 'текстура' на површините. Најдоброто светло е рано изутрина или доцна на пладне, или кога е само малку облачно. Кога кдсзКога фотографирате при силна светлина, се препорачува да ги омекнете сенките со употреба на блицот за да се воедначи осветленоста.
Обработка
  • Непотребна или несоодветна употреба на уметнички филтри и ефекти. Програмите за обработка како Gimp имаат прекрасни уметнички филтри и скрипти. Меѓутоа, тие ќе ѝ наштетат на сликата ако се употребуваат без потреба.
  • Дигиталната манипулација со цел да се поправат мани кај фотографиите е начелно прифатлива, под услов да е ограничена, добро изведена, и без намера да мами. На пример, прифатливи манипулации се покаструвањето, поправка на перспективата, заострување/заматување, поправка на бои/осветленост correction, и отстранување на непожелни елементи во позадината.
  • Сите покрупни манипулации мораат да бидат јасно опишани во текстот за сликата, на пример со употреба на предлошката {{Retouched picture}}. Неспоменатите или лажно претставени манипулации, или пак манипулации кои погрешно го претставуваат главниот субјект се сосем неприфатливи.
Композиција
  • Неизбалансирана композиција
  • Нејасен субјект
  • Субјектот е непостоечки субјект
  • Премногу искастрено
  • Пренатрупаност
  • Распределбата на елементите во сликата треба да му оди во полза и да го поддржува приказот на субјектот, а не да го пореметува.
  • Објектите на преден и заден план не треба да пречат.
Субјектот не треба да се кастри, освен кога само еден дел од субјектот е од интерес. Објектите на преден и заден план не треба да пречат. Објектите кои стојат пред субјектот не треба да сокриваат важни елементи, а елементите во позадината не треба да јха расипуваат композицијата (бандерата не треба да „стои“ врз нечија глава). За определување на композицијатаслужете се со правилото на златниот пресек и правилото на третините кои се наследени од сликарството. Поставувањето на субјектот во средината честопати се смета за лош пристап. Субјектите од интерес се ставаат на една од „точките на интерес“, каде се сечат хоризонтални и вертикални линии (се создаваат 4 точки на интерес). Хоризонтите речиси никогаш не се ставаат во средина, бидејќи ја пресекуваат сликата на пола. Тие се ставаат или на горната или на долната хоризонтална линија. Тука главната идеја е да НЕ СЕ поставува субјектот во средината без добра причина.
Искривувања
  • Накосеност
  • Перспективно искривување
  • Конвексно искривување
  • Сликите не треба да бидат искривени без посебна цел.
  • Сликите со архитектура треба да бидат праволиниски.
  • Перспективното искривување или треба да служи посебна цел или да биде занемарливо.
Човечкиот мозок е осетлив и има способност да распознае макар и најмало искосување. Накосени дрва, кули и навалена вода не го подобруваат пејзажот. Накосеноста лесно се поправа во секој програм за обработка. Разни посложени искривувања можат да се прилагодат во програми како hugin и Panorama Tools. Ако немате пристап до соодветни програми, или пак не се разбирате од нив, тогаш побарајте помош на страницата Commons:Quality images helpdesk и би требало да се најде некој за да ви ја обработи сликата.

Споени слики, панорами[edit]

  • Висина
    • Напатствие: Панорамските слики треба да бидат со минимална висина од 800px.
  • Спојување
    • Чести проблеми: Спојување на елементи. Боите и светлоста не се рамномерни низ целата слика. Линијата на хоризонтот е синусоидна или во некој уште посложен облик.
    • Напатствие: Подготвувањето на добра панорама бара време. Со поновите изданија на програмите како hugin и Enblend простите грешки како лошо порамнување и сеништа на заматени спојни линии изгледаат поретки од порано, но сепак сè уште се јавуваат грешки во паралаксата и покомплексни проблеми со квалитетот. Два примера:
Составните фотографии с енаправени со апарат без панорамски режим, и за горниот спој е користен програм од пакет со самиот апарат. Се познава дека левиот дел е потемен, бидејќи апаратот ја има осветлено секоја фотографија посебно. Во овој случај пред да се спојат сликите прво треба да се прилагоди светлината на сликите.
Посуптилни грешки се забележуваат десно од замокот, каде се јавуваат два вертикални појаси од небо. Погледнете го местото каде овие појаси се допираат со ридот, на средниот програмот лошо ги порамнил деловите, и создал сениште. Исто така програмот го омекнува преодот. Иако со ова се одбегнува видливоста на спојот, може да се примети дека на тој омекнат дел е намален шумот, и со ова тој дел воочливо се разликува од остатокот од сликата.
Сликата на дното покажува дека ако се користи поинаков програм, фотографиите можат да се спојат без такви грешки.


  • Осветлување
    • Чест проблем: различно осветлување на различни слики, што води до преосветленост или изразени разлики во светлоста и постеризацијата.
    • Напатствие: Дури и кога сликите се прават со апаратот во панорамски режим, сликата ќе биде преосветлена ако фотографот не избере едно осветлување за сите слики, кое ќе се справи и со најсветлиот дел на најсветлата слика.
Ciemniak panorama.jpg

Кога е можно, наместете го апаратот на пониско осветлување, и панорамски режим. Се очекува напредокот во софтверското поправање на осветлувањето да достигне степен кога ќе може да се прават добри панорами и без правење на сликите во панорамски режим. Но дотогаш, користете го најсветлиот дел од панорамата за да го наместите осветлувањето во апаратот кога сликате.
Некои програми имаат алгоритми за неприметно спојување. Но ако светлината на составните фотографии значајно се разликува, тогаш преодот од една на друга фотографија сепак се приметува. Тоа е прикажано на горната слика.
Некои програми имаат можност за прилагодување на светлината на фотографиите, но алгоритмот треба да се изработи внимателно, во спротивно можат да се добијат несакани ефекти како виолетови и светлосини делови во облаците лево на долната слика.


  • Вињетирање:
    • Програмите кои вршат само прикривање на спојот ги отстрануваат спојните линии со омекнување, но за да се поправи вињетирањето од објективот потребна е радиусно-зависна поправка на светлината.
Намерна употреба на многу вињетирање
На левата слика е прикажан технички прифатлив спој, освен ефектот на вињетирање кој е пренагласен. Добрите програми за спојување вршат и поправка на вињетирањето. Претходната обработка на составните слики не е најелеганта, но така се добиваат добри резултати. На небото се гледаат три светли делови, одвоени со три потемни појаси. Овие соодветствуваат на средините и краевите на составните слики. Иако програмите како Enblend ги отстрануваат видливите споеви, тиене ги отстрануваат ефектите на вињетирање. Во низата hugin-enblend вињетирањето мора да се отстрани во hugin, или во понова верзија на hugin, или со веќе поправени составни слики.


Десно стои посуптилен пример за вињетирање, највидлив на небото, каде се приметуваат три светли делови од лево на десно, одделени со три потемни појаси. Овие соодветствуваат на средините и краевите/аглите на трите сосотавни слики.


Погледајте на долната слика како светлината на небото се протега низ спектарот без да биде изгорена, но сепак светлоста на небото има пренагласен состав, најприметлив во левиот дел.
Tatra Mountains Panorama 01.jpg


  • Позиционирање на апаратот
За левиот спој, фотографот го сликал долниот дел од црквата, па отишол малку на лево и го сликал горниот дел. Спојната линија се приметува во прозорците веднаш под часовникот, а се прознава и промена во разни насоки во средината и на елементите на кулата. Програмите за спојување не се предвидени да се справуваат со ваква паралаксна грешка бидејќи тука проблемот се наоѓа зад апаратот, и за да се создаде сликата на десно решението било користење на совпадливи слики, но од друга перспектива.


  • Порамнување на сликата
Правилното порамнување на сликите е од круцијално значење како прв чекор, кое тука е постигнато на овој поглед на Западните Шкотски гори. Но осветлувањето на секоја слика е различно и кадрите имаат вињетирање, со што обете допринесуваат да се познава спојувањето. Покрај ова, како што се вршело порамнувањето на далечните елементи во фотографиите, не се обрнало внимание на предниот дел, па затоа можат да се забележат паралаксни грешки во споевите во преден план. Постои софтвер кој ги отстранува ваквите споеви, а паралаксните грешки моажт да се поправат со употреба на соодветен спој.


  • Композиција
    • Чести проблеми: Кај панорамите честопати недостасува точка на фокусна (средишна) точка. Ако на панорамата е прикажан град, тогаш сцената станува неинтересна и вака е практично невозможно да се одбегнат непривлечните елементи како канти за отпадоци и бандери.